Турски ТАВ - концесионерот на двата македонски аеродрома работи турбо и ако продолжи со тоа темпо, ќе ги запази роковите за реализација на инвестициите на скопскиот аеродром "Александар Велики" и на охридскиот "Св. Апостол Павле", а тоа е 20 октомври 2011 година. Ова уверување го искажа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески на неделната отворена владина седница кој рече дека во најголем дел изведбените активности на двата аеродрома се реализираат според предвидената динамика, што даваат гаранции дека и ќе финишираат според најавите дадени од страна на челниците на ТАВ Холдингот. Владиниот Кабинет беше информиран дека турскиот концесионер неодамна ги обезбедил и потребните пари за завршување на планираните инвестиции со кои ќе се направи реконструкција и модернизација на македонските аеродроми. Исто така, од ТАВ најавиле дека со зимскиот ред на летање кој стартува од 30 октомври, ќе дојдат и нови авиокомпании, кои ќе отворат нови авиодестинации, при што, на почетокот на идната година се очекува да пристигнат и некои нискотарифни авиокомпании кои инаку биле заинтересирани за летови на Охридскиот аеродром. Се очекува тие конечно да понудат евтини авиобилети за македонските патници.
Турски ТАВ - концесионерот на двата македонски аеродрома работи турбо и ако продолжи со тоа темпо, ќе ги запази роковите за реализација на инвестициите на скопскиот аеродром "Александар Велики" и на охридскиот "Св. Апостол Павле", а тоа е 20 октомври 2011 година.
Ова уверување го искажа министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески на неделната отворена владина седница кој рече дека во најголем дел изведбените активности на двата аеродрома се реализираат според предвидената динамика, што даваат гаранции дека и ќе финишираат според најавите дадени од страна на челниците на ТАВ Холдингот.
Владиниот Кабинет беше информиран дека турскиот концесионер неодамна ги обезбедил и потребните пари за завршување на планираните инвестиции со кои ќе се направи реконструкција и модернизација на македонските аеродроми. Исто така, од ТАВ најавиле дека со зимскиот ред на летање кој стартува од 30 октомври, ќе дојдат и нови авиокомпании, кои ќе отворат нови авиодестинации, при што, на почетокот на идната година се очекува да пристигнат и некои нискотарифни авиокомпании кои инаку биле заинтересирани за летови на Охридскиот аеродром. Се очекува тие конечно да понудат евтини авиобилети за македонските патници.
Неодамна ТАВ ги презентираше своите изведбени активности на Скопскиот аеродром, каде, како што беше најавено, веќе до март следната година ќе заврши административната и противпожарната зграда. До 20 октомври 2011 година треба да биде пуштена во употреба и новата двокатна терминална зграда, која ќе биде со вкупна површина од 40.100 квадратни метри, ќе има 23 шалтери за чекирање на билетите, а ќе има шест директни мостови за влез во авионите. Исто така, во договор со Владата се работи и на новото сообраќајно решение, со кое аеродромот ќе се поврзе со автопатот.
На "Св. Апостол Павле" моментално се работи на проширување на паркинг-просторот за моторни возила, а се гради и ВИП-објект помеѓу административната зграда и терминалот. Модернизацијата на Охридскиот аеродром опфаќа и реконструкција на пристанишната платформа каде се паркираат авионите, а во тек е и преуредување на административната зграда.
Инаку, Министерството за транспорт и врски ја ангажираше холандската консултантска компанија "Нако" за да контролира дали ТАВ ги реконструира македонските аеродроми според договореното. "Нако" ќе добие 60,5 милиони денари за консултантски услуги за начинот на реализација на концесискиот договор за аеродромите во Скопје и во Охрид.